Поранешната руска гимнастичарка, Алина Кабаева, за која долго време се шират гласини дека има тајно семејство со рускиот претседател Владимир Путин, првпат се појави во јавноста со деца за кои се претпоставува дека ѝ се синови. Гламурозната олимпијка носела венчален прстен, кој се обидела да го скрие од камерите.
Фотографиите со Кабаева и двете момчиња се направени по последните руски парламентарни избори, на кои победи партијата Обединета Русија, основана од Путин.
Веб-сајтот Узнајвсјо тврди дека е „познато“ дека Кабаева има деца, но дека идентитетот на таткото останува мистерија.
Таа ретко се појавува во јавноста, но кога ќе се појави, поранешната гимнастичарка е во придружба на силно обезбедување, за кое се верува дека е организирано од владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.