Српската полиција го уапси директорот на косовската полиција за регионот на Косовска Митровица, Нехат Тачи, потврдува МВР на Србија, а пренесуваат агенциите.
Тачи е уапсен вчера околу 20 часот, на административниот премин Кончуљ, на основа на потерница од 2010 година, а за кривично дело тероризам.
На основа на решениото на Вишиот суд во Ниш за одредување притвор од 2010, спроведен е во притворска единица во Ниш, а оттаму ќе биде префрлен во Обвинителството за организаран криминал во Белград.
Приштинските медиуми објавија дека косовската полиција ја потврдила информацијата за апсењето на Тачи и дека е уапсен на пат кон Ниш, каде што требало да присуствува на рочиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст