Вработените и припадници на полицијата денеска трагаат по два лава што ноќеска избегале од своите кафези во зоолошката градина во Лајпциг, а посетителите кои денеска изутрина влегле, биле евакуирани во согласност со протоколот за вонредна состојба.
Од управата на золошката градина за германската новинска агенција ДПА изјавиле дека двата лава Мајо и Мошегеци се стари по една година, а во Лајпциг дошле во август од золошката градина во Базел, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според информациите од управата, двата лавови не можеле да излезат од затворениот простор на золошката градина во урбана средина. Зоолошката градина ќе биде отворена за посетители откако ќе бидат пронајдени двете животни од фамилијата мачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.