Тешко е да се поверува дека нешто што служи за одржување на хигиената, може толку многу да ви наштети.
Сепак, дератолозите откриваат дека мрежичките за капење можат да ви направат голема штета. Мрежата ги задржува мртвите клетки од кожата, па повторно ги враќа на телото про следната употреба. На тој начи се создава плодно тло за размножување бактерии, а тоа може да доведе до многу кожни инфекции.
Сунгерите и мрежичките се чуваат во бањата, а таму поради топлината и влагата најлесно се размножуваат бактерии и се создава мувла. За среќа, постои начин како да ги збегнете проблемите, Дерматолизите советуваат да ги менувате на два месеци за да се избегне натрупување на бактериите. А и сунѓерот или мрежичкта што ги користите во моментот можете да ги исчистите: навлажнете ги и ставете ги во микробранова печка 30-60 секунди на средна температура.
Потоа чувајте ги на суво место, по можност покрај прозорец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.