| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот каратист Берат Јакупи освои бронза на Европското првенство

Berat_Jakupi

Македонскиот каратист Берат Јакупи се закити со бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Будимпешта, откако денеска, во категоријата од 84 килограми, го совлада претставникот од Азербејџан, Асмин Гурбани со резултат 3-0.

Во првото коло Јакупи беше подобар од Ајда Усда (Турција) со 5-1, потоа во второто го совлада Андрејс Озеровс (Латвија) со 2-1, а во третото беше запрен од грчкиот противник Георге Цанос со 1-4. Потоа, во репасажот македонскиот каратист убедливо го совлада Данило Лучиќ (Црна Гора) победувајќи со резултат 6-1.

За Јакупи, кој е актуелен европски шампион во категорија на постари јуниори и трикратен континентален шампион во различни категории, ова е прв медал во сениорска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top