На трудница во 28. недела од бременоста ѝ бил дијагностициран рак на дојката. Примала терапија за време на бременоста и таа в сабота заедно со своето бебе во Скопје ќе биде дел од симболичната прошетка која ја организира Здружението за борба против рак „Борка“ – За секој нов ден чија цел е да им се даде поддршка на болните од рак на дојка и на нивните семејства.
„Борка“ во осми пат организира традиционална прошетка која ќе се одржи во сабота, на први октомври во Градскиот парк во Скопје кај Школка со почеток во 11 часот. Како што најавија организаторите на манифестацијата на денешната прес-конфренција, заедно со симболичната прошетка за поддршка, годинава во рамките на „Напред розово“ првпат ќе се организира и хуманитарна трка. Трката ќе биде во должина од еден километар и на неа ќе може да се пријават сите граѓани, без оглед на возраста и полот.
Според информациите на Здружението „Борка“ – За секој нов ден најмладата пациентка на која ѝ бил дијагностициран рак на дојка има 18 години. Борбата со болеста била успешна и таа денес веќе е студентка која успешно чекори низ животот.
– За жал, се почесто се намалува старосната граница на жени кои заболуваат од оваа болест. Денес имаме пациентки на 30 години на кои им се дијагностицира кацнер, а уште не станале мајки – вели Биба Додева, претседателка на „Борка“.
Таа истакна дека со кампањата „Напред розово“ им даваат поддршка на сите кои се борат со рак на дојка и воедно ја подигаат свесноста за оваа болест во Македонија.
– Не смееме да ги отфрлиме нашите граѓани кои се борат со оваа тешка болест, бидејќи ракот на дојка може да биде излекуван. Сметам дека треба да и дадеме помош на секоја индивидуа, на секое семејство, затоа што нивната борба е и наша борба. Оваа кампања е продолжување на нашите активности кои заедно со Алијансата за пациентски организации јз почнавме со прогласувањето на Годината на ракот во Македонија со цел имплементирање на национален план за контрола на ракот и формирање на посебен фонд за достапност за современата терапија и третман во нашата земја со што би се намалила смртноста од малигните заболувања – рече Додева.
Пред трката и прошетката ќе има организиран зумба час за загревање, како и забава со диџеи.
„Напред розово“ ја поддржува и амбасадата на САД во Македонија.
– Прошетката „Напред розово“ е значаен настан кој ги сплотува заедно луѓето од целата земја во солидарност против оваа страшна болест. Се радуваме што во сабота ќе им се придружиме на оние што се борат со ракот или поддржуваат некој член на семејството којшто се бори со оваа болест. Се надеваме дека ќе ни се придружат уште многу повеќе граѓани – рече Лора Браун, одговорна за односи со јавност во амбасадата на САД во Македонија.
Освен од Скопје, најавено е дека на прошетката ќе учестуваат и граѓани од Охрид, Велес, Македонски Брод, Македонска Каменица, Куманово, Битола, Струмица…
Ракот на дојка е најчестиот тип дијагностициран рак кај жените во светот. По смртноста овој карцином е на прво место во светот и во Македонија. Лани кај нас се откриени нови 1.200 слуачи на рак на дојка или дневно се откриваат по 3-4 нови случаи. Според бројот на смртни случаи од рак, Македонија е на третото место во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гинекологот тврди „Нема шанса!“: Се породила, а не ни знаела дека е трудна
-
Прија се смири крај Филип, а и нејзината мајка има момче: Ќе ви се сврти во главата од неговиот изглед!
-
Четири лоши навики кои предизвикуваат рак кај жените
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!