Претседателот Иванов го честитита Меѓународниот ден на Бошњаците.
Честитајќи го Меѓународниот ден на припадниците на Бошњачката заедница во земјава, ви посакувам добро празнично расположение, среќа и успешно да продолжиме заеднички да ја градиме иднината која ја посакуваме за нас и за нашите деца.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците во земјава е знак за афирмирање на јазикот, идентитетот, културата и културните особености на богатата бошњачка традиција. Почитувајќи ги етничките и религиските различности, негувајќи и надградувајќи ги меѓусебните односи градиме модерна држава која ги штити интересите на своите граѓани. Оттука сметам дека заедничка е одговорноста за градење на лојалност кон Република Македонија.
Во оваа пригода сакам да го истакнам исклучителниот придонес на припадниците на Бошњачката заедница во економскиот, културниот и општествениот живот во земјава.
Негувајќи и афирмирајќи ги делата на нашите предци, чекориме кон заедничкиот развој и напредок. Овие вредности се клуч до успехот. Заедништвото и сплотеноста, без поделби, нè прават сложни и единствени. Затоа да си споменеме дека само заедно ќе успееме да ја оствариме нашата мисија за посреќна, побогата и просперитетна Македонија.
Почитувајќи ги културата и обичаите на другите значи почит кон себе и својата држава.
Нека ви е честит празникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево