| четврток, 6 декември 2018 |

Сириските владини сили денес го заземаа центарот на Алепо

Сириските владини сили денес го заземаа центарот на Алепо кој бил под контрола на бунтовниците , после жестоки воздушни напади во поселдните недела дена.

Државната телевизија јавила дека восјката го заземала Фарфу, во близина на познатата тврдина на Алепо, а да се во тек борбите на историското јадро на градот.

ctxjsrbwaaecd5i

Борбите за најголемиот сириски град и поранешен трговски центар се водат откако бунтовниците заземале неколку квартали на истокот на градот во 2012 година. Тие квартали сега се под опсада и во текот на изминатите недели претрпеле најтешки воздушни удари од почетокот на војната, во која загинале повеќе од 200 луѓе и со земја се срамнети повеќе згради.

Меѓутоа, борбата за Алепо уште е неизвесна. Владините сили во текот на викендот заземале подрачјето на Хандарат, но неколку часа подоцна го изгубиле.

Во историскиот квартал на Алепо, еден од најстарите градови на светот, се наоѓа Џамијата Умајда, која е под заштита на Унеско.Нејзиното минаре од 11 век е срушено во текот на борбата во април 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top