| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 32 повредени при налет на тајфунот Меги на Тајван

voz

­ Најмалку 32 лица се повредени денеска на Тајван, каде што силен ветар и поројни дождови, кои ги донесоа тајфунот Меги, предизвикаа лизгање на земјиштето и корнење дрвја, соопшти тајванскиот Центар за вонредни ситуации.

Без електрична енергија останале повеќе од 950.000 семејства, а поради бурата затворени се тајванските берзи.

Прекинат е и автобускиот и железничкиот сообраќај во Тајпеј, а повеќе стотици меѓународни летови се откажани. Повеќе од 5.000 луѓе се евакуирани откако тајфунот, со брзина на ветрови од 162 километра на час, се приближи денеска до островот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top