| четврток, 6 декември 2018 |

Канцелариите затворени, луѓето во засолништа – Меги доаѓа во Тајван

Училиштата и канцелариите на Тајван се затворени, а повеќе од пет илјади луѓе се евакуирани, откако силниот тајфун Меги, со ветрови со јачина од 162 километри на час се приближи денеска до овој планински остров.

Генералниот директор на Националната агенција за борба против пожари Чен Вен Лунг истакна дека властите на Тајван го подигнале нивото на предупредување, бидејќи се очекува дека ветровите и дождот, кои ги носи Меги ќе го погодат целиот остров.

Тој додаде дека изутринава се евакуирани 5.336 лица од планинските подрачја, каде што постои ризик од поплави и лизгар.

Повеќе од половина од нив се засолниле во прифатилишта, додека останатите се сместени кај членови на семејствата или пријатели.

Училиштата и канцелариите се затворени низ островот.

Централниот хидрометеоролошки завод наведува дека Меги има 500 километри во пречник, додека неговите ветрови достигнуваат брзина до 198 километри на час.

Летовите се откажани на тајванскиот меѓународен аеродром, а повеќето брзи железници и другите возови, исто така, не сообраќаат.

Меги е четврти тајфун оваа година што ќе го погоди Тајван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top