| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на „Првомајска“, повредени четири лица

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 22:15 часот се случи на булеварот „Борис Трајковски“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Шевролет Спарк“ управуван од скопјанката Т.В. (27) и „Опел Корса“ управувана од 25 годишниот Б.Ч. од скопско Студеничани.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците, С.С. (35) и Е.Р. (22). Девојката и сопатникот С.С. биле пренесени во Ургентниот центар каде им се контатирани полесни повреди и се задржани на лекување. Со полесни повреди поминале и другиот возач и сопатникот Е.Р. кои исто така се задржани на лекување со ГОБ „Св. Наум Охридски“.

На местото на несреќата полицијата изврши увид.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top