| четврток, 6 декември 2018 |

Поради погрешна дијагноза минал 43 години во инвалидска количка

Lica-so-invaliditet-2

­ Португалец минал 43 години во инвалидска количка поради погрешна дијагноза, па на 56-­годишна возраст морал повторно научи да оди. Кога имал 13 години на Руфин Борего во лисабонска болница, му била поставена дијагноза на неизлечива мускулна дистрофија, објави списанието „Жорнал де Нотисиас“.

По ова, тој повеќе од четири децении се движел во инвалидска количка, се додека во 2010 година неуролог не утврдил дека боледува од конгенитивна мијастенија, заболување кое исто така се манифестира со муслкулни слабости.

Оваа ретка болест се лекува, меѓу другите, и со лекови за астма, па по само една година од поставувањето на новата дијагноза, Борего можел првпат да отиде пеш до кафулето во неговоото соседството. ­

– За нас тоа беше чудно, изјави Мануел Мелао, сопственик на кафулето во местото Аландроал во југоисточниот дел на Португалија.

Сега на возраст од 61 година, Борего може да води нормален живот со само два програми физикална рехабилитација годишно. Тој вели дека нема да ја тужи болницата која првично му ја поставила погрешната дијагноза, имајќи предвид дека во 1960 година мијастенијата била речиси непозната болест.

– Сакам само корисно да живеам, вели Борего.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top