Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски промовираше мерки кои ќе имаат значително влијание врз заштита на животната средина. Една од нив е набавката на електрични автобуси, што ќе се реализира преку градот Скопје, односно ЈСП.
-Во план е до 2030 година тие да претставуваат над 50% од сите автобуси во градот. Градот Скопје и градоначалникот Трајановски веќе ги почнаа иницијалните разговори за нови 50 електрични автобуси. 20 големи со 150 места за седење и 30 минибуси. Планирана е повеќегодишна набавка за кои средства се планираат по половина од градот Скопје и половина од Владата. Со 20-те електроавтобуси ќе се постигне истиот еколошки ефект како изградба на транвај во СКопје. Тој не се реализира заради високата цена која ја побараа сите изведувачи- посочи Груевски, кој додаде дека набавката на 20 автобуси нема да значи само истиот еколошки ефект туку ќе се избегне раскопување на градот и дополнителни пари за поставување на шинска мрежа.
20- те автобуси ќе се обраќаат на истата линија предвидена за транвајот. Овие еколошки автобуси ќе бидат со највисоки стандарди, а ЈСП ќе нема трошоци за гориво. Ваква понуда за набавка на автобуси ќе има и за другите градови каде што функционира јавен превоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.