Најголемиот радиотелескоп во светот денеска е пуштен во употреба во југозападна Кина, кој треба да помогне во потрагата по вонземен живот.
Телескопот ФАСТ долг 500 метри и со рефлектор со големина на 30 фудбалски игралишта поставен е на планината Гуизхо. Неговата изградба чинеше 800 милиони долари.
ФАСТ ќе ја истражува вселената и ќе трага по знаци на интелигентен живот. Кинеската вселенска програма е под воена управа и треба да го покаже технолошкиот напредок на земјата.
Пекинг до 2020 година планира во вселената да постави постојана орбитална станица и најверојатно ќе испрати екипаж на Месечината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.