Владиката Петар тврди дека намерно бил изваден од контекст кога зборувал против абортусот, како и дека добивал закани и повици за линчување.
– Можеби некој се препознал во гревовите со кој е засегнат, некој наместо да си ја чисти совеста со покајание да побара прошка тие сметаат дека со нападите кон оној што ќе ја пробуди совеста за тоа, ќе можат да се ослободат од тоа, а најлошо е што сакаат да ги променат црковните закони и учењето, вели владиката Петар во интервјуто.
Во однос на ставот на ИВЗ дека „во Македонија нема меѓурелигиски и меѓукултурен соживот“ вели:
– Тој што тврди дека нема соживот, треба да се праша дали придонел за да го има.
Митрополитот исто така објаснува и зошто смета дека српскиот претседател Томислав Николиќ со понудата за посредување во решавање на спорот со СПЦ ја злоупотреби довербата на македонската црква и на македонските власти.
Интервјуто со митрополитот преспанско-пелагониски г.Петар го водеше Ненад Мирчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


