| четврток, 6 декември 2018 |

Одбојкарите ја совладаа Естонија

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во петиот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2017 година, откако ја совладаа Естонија со 3:1 во сетови во Ф - групата.

Иако го загубија првиот сет со 13:25, сепак во следните три „црвено-жолтите” конечно одиграа на посакуваното ниво. Вториот сет Македонија го доби со 25:21, а по тешка борба и третиот со 25:23. Тоа како дополнително да ги мотивира македонките одбојкари кои во четвртиот сет на противникот му препуштија само 16 поени, односно истиот го добија со 25:16.

Со трите освоени бодови и вкупно четири, Македонија останува на последното место во групата, но се уште со шанси да се пробие до второто место кое води во баражот. А за тоа пак, прво Чешка ќе треба да ја победи Романија во денешниот дуел, а утре и нашите одбојкари да слават против романската репрезентација.

Табела: Чешка 12 бодови, Романија 6, Естонија 5 и Македонија 4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top