| четврток, 6 декември 2018 |

Миење садови за цврсти гради, бришење прашина против целулит

Миењето садови ги зацврснува градите

При миењето садови се активираат мускулите на рацете, рамената и градите. Садовите тријте ги што е можно поенергично, а за истовремено да ги активирате нозете со босо стапало на едната нога вртете тениско топче, а потоа истото сторете го со другата нога. На тој начин ги масирате стапалата, ги опуштате зглобовите и целиот организам, ја поттикнувате циркулацијата на крвта и лимфата.

Чистењето прозорци за истегнување

Оваа вежба ги јакне мускулите на рамената и рацете, а за истовремено да ги активирате и нозете ритмички подигнувајте се на прсти. Вежбата е одлична за оние кои патат од болки во вратот.

Работата со правосмукалка го зацврснува грбот

Оваа активност ги активира мукулите на грбот, рамената и рацете а нешто помалку и на нозете. За правилно активирање на мускулите не го свиткувајте претерано ‘рбетот и внимавајте да не се навалувате на десна или на лева страна.

Кеси со храна како тегови

Купувањето, средувањето на ормани и полици е можност да се вежбаат мускулите на рацете и рамената. Но, бидете внимателни. Без оглед на тежината која ја подигате, секогаш свиткувајте ги нозете во колената за подеднакво да ги оптоварувате сите мускули на нозете, грбот и рацете.

Бришење прашина против целулит

Бришењето прашина го активира горниот дел на телото. Ако ова го правите подолго од половина час, важно е да ги вработите и нозете. Најголема опасност е задржувањето на течности, значи отечени зглобови и тешки нозе. За да го спречите ова ритмички поткревајте се на врвовите на прсти, а кога ќе го спуштите стапалото силно удрете со петите од подот. Повторувајте ја вежбата на секои 5 минути. Одлична е против целулит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top