Како на време да го препознаете расипаното месо и да се спасите од непотребни трошоци и несакани последици?
Првата работа која не смеете да ја заборавите е рокот на траење.
Бојата на месото е втората работа. Светло црвената боја не значи дека месото е свежо, ниту потемната боја не значи дека месото е расипано. Бојата зависи од изложеноста на кислород, топлината и светлината во продавницата.
Во овој случај, преминувате на третиот знак – мирис.
Мирисот е најсигурниот показател за состојбата на месото. Дури и да почувствувате блага непријатност во мирисот, не го купувајте.
Исто така обрнете внимание и на површината на месото. Ако месото е слузаво, значи дека бактериите се веќе активни.
Ако пак купувате спакувано месо, не купувајте пакетчиња чиј рок е при крај.
Исто така погледнете дали има течност под месото. Ако месото долго стоело спакувано, големи се шансите да се собере течност под него.
Промрдајте го пакувањето, стиснете го месото со прст и гледајте дали од страните истекува течност, така најлесно ќе утврдите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.