Во општина Куманово планирани се две нови градинки. За едната постапката е веќе почната, но има одредени формални пречки бидејќи компаниите дале нешто повисока понуда од претходно планираната. Се бараат начини како тоа да се надмине или во краен случај да се повтори постапката. Во таа градинка треба да се сместат 80 или 90 деца. Втората градинка е во населбата „Гоце Делчев“, каде исто така се планира проширување за нов капацитет од 50 деца.
Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Тенискиот центар „23 Октомври“ во Куманово.
Груевски рече дека за потребата за градинки во Куманово, бил информиран од пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, а потоа за оваа тема разговарал со дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов.
– Вкупно 130 или 140 дополнителни деца ќе добијат простор за згрижување до крајот на следната година. Дотогаш се планира да завршат доградбите на овие градинки, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии