| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нови мамографи во Куманово, Крива Паланка и Битола

Министерството за здравство вчера објави конкурс за набавка на три мамографи, од кои еден за Куманово, еден за Крива Паланка и еден за Битола, така што за неколку месеци Куманово ќе добие најсовремен и најмодерен мамограф, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по пуштањето во употреба на Тенискиот центар „23 Октомври“ во Куманово.

– За набавката на овие три мамографи во овие три града предвидени се во Буџетот над 300.000 евра со цел да се набават и да се стават на располагање на лекарите и на пациентите, потенцира Груевски.

Истакна дека тоа е втор здравствен проект по значење по Ургентниот центар во Куманово. Според него, трета значајна работа која е завршена во Куманово, е што веќе во тој град е дислоциран Центарот за наркозависници.

– Тоа го бараа граѓаните при мојата последна посета во населбата „Гоце Делчев“, нешто за што во меѓувреме доста се работеше, бидејќи тоа не беше едноставна операција. Сега веќе тоа е завршено и Центарот за наркозависници е префрлен со што барањето на граѓаните на населбата „Гоце Делчев“ е исполнето. Центарот за наркозависници сега се наоѓа во кумановската болница, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top