За десетина дена ќе почне постапка за избор на изведувач на градежните работи за изградба на ургентен центар во Куманово и согласно ветеното градбата да почне годинава, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Според Груевски, завршени се сите подготвителни работи за изградбата. Главниот проект е готов. Проценката е дека ќе чини околу 48 милиони денари, рече Груевски по пуштањето во употреба на Тенискиот центар „23 Октомври“ во Куманово.
-Од ноември годинава и следната година, потенцира Груевски, активно ќе се гради ургентниот центар што го ветивме. Согласно ветеното се трудиме да ја запазиме динамиката и да почне градбата оваа година, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии