Ноќва во 00,05 часот во Штип на ул.„Гоце Делчев“ наспроти „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „шкода фабија“, сопственост и управувано од Б.К. (1974) од Штип, излетало надвор од коловозот и удрило во метален столб за улично осветлување, по што слетало покрај патот.
Со возило на итната медицинска помош, возачот бил пренесен во во ЈЗУ-Клиничка Болница – Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, поточно фрактура на черепот, а поради сериозноста на повредите бил препратен во ЈЗУ-Клинички Центар – Скопје.
Увид на лице место е извршен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.