Вчеравечер во 22.15 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, на местото викано Леонидова чешма, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „форд фскорд“, управувано од Т.Т. (1971) од с.Банско – Струмица, трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки управуван од Т.С.(1947) од с.Сушица и автомобил „форд мондео“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(1983) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил трактористот Т.Т., кој по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Струмица бил препратен во Ургентен центар во Скопје и се наоѓа во животна опасност. Останатите двајца учесници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од ПС за БПС-Струмица.
Во времето од 22.50 до 03.00 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин за товарни моторни возила, додека автомобилите биле пренасочени преку алтернативни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.