Ноќва во 01.30 часот во полициската станица ОН-Центар, Ф.Г.(21) од Скопје, пријавил дека на истата вечер околу 23.45 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во кафаната „Златно Буренце“, додека седел со друштво, без повод и причина од страна на група машки лица, биле нападнати со стаклени шишиња во пределот на главата и со тупаници во пределот на телото.
Во еден момент лицата го извлекле Ф.Г. од објектот и продолжиле со нападот, а откако паднал на земја, истите побегнале во непознат правец.
Од страна СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.