| четврток, 6 декември 2018 |

Во сопствена немоќ и раскол, Заев и Спасовски го активираат криминалното подземје на СДСМ

Зоран Заев ги „пушти“ своите пријатели од криминалното подземје за дисциплинирање на сопственото членство. Тоа го прави секогаш кога се јавува незадоволно од неговите одлуки, а сега ги користи за закани против фунцкионерите и членовите на партијата кои ги критикуваат неговите листи и соработката со Драгиша Милетиќ.

Пријателот на Зоран Заев, Харун Хаџибулиќ, преку ФБ отворено се закани до сите оние кои ќе се дрзнат и ќе продолжат јавно да го критикуваат Зоран Заев и неговите партиски политики.

harun_zakani

„Или прекинете со лаење и ругање кон нашите кандидати на листите и тие што ни се приклонуваат, или ќе почнам јавно да пишувам за вашиот приватен живот, вашите жени кои ве изневеруваат и за вас „такозвани“ домаќинќи коишто имате поминато и црнци и белци!! Смирете малку хормони и хромозоми инаку ќе ве правам САЛАТА!!“

Освен заканата до членството, Хаџибулиќ му се закануваше и на новинарот Борјан Јовановски, кој беше меѓу најгласните критичари на потезите на Зоран Заев, особено во изборот на кандидати за пратеници од СДСМ. Најголем проблем според Јовановски беше изборот на Ферид Мухиќ, кој ниту е член на СДСМ, ниту граѓански активист.

harun_zakani_borjan

Соработката помеѓу СДСМ и криминалното подземје во Македонија не е нова пракса. Колку за потсетување СДСМ беше фатен во соработка со Закир Бекири-Чауш кој имаше поставено фабрика за печатење на лажни лични документи кои „Фокус“ ги користеше за измислување на афери за членови на владеачката партија.

Освен соработката, Спасовски во последиот бран вработувања во МВР вработи десетина лица со дебело криминално досие во единицата „Алфа“ кои неколку дена подоцна ги употреби со намера насилен влез во зградата на УБК. За среќа, директорот на БЈБ реагираше соодветно и беше спречен поголем инцидент.

Ова не е прв пат истото лице, Харун Хаџибулиќ, да се заканува преку социјалните мрежи. По фијаското со интервјуто на македонската телевизија и крајно правната неписменост која ја демонстрираше во Законодавниот дом каде одби да даде одговори како и каде СЈО ги троши парите од граѓаните, Катица Јанева целосно се изгуби и започна да бара поддршка дури и од криминалците кои се под контрола на Зоран Заев и СДСМ.

hadzibulic-status-2

-Ви се даде можност колку толку достоинствено да си заминете од власт, но вие немате образ, ѓон ви е.. Чепнете ли во СЈО-повеќе ниту Зоран Заев кој е за мирољубиво решение на кризава нема да може да не задржи..!! Ќе платите и ќе платите за се до коска.!!, напиша Хаџибулиќ на социјалните мрежи.

hadzibulic-status

Хаџибулиќ, познат припадник на скопското криминално подземје, е осудуван за насилство и наркотични деликти, а по него беше распишана и потерница за помагање во убистото на Мирсад Криешторац кај Универзалната сала во Скопје во 2010 година, пишува порталот. Хаџибулиќ минатата година на митингот на СДСМ на 17-ти мај пред Владата на Република Македонија се наоѓаше во првите редови веднаш до Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top