На денот на неговото самоубиство, Хитлер напишал таен тестамент, во кој се што има го остава на партијата и тврди дека е сиромашен. Сепак, во тие моменти, милијардите веќе биле легнати во Швајцарија. Тој по стотици милиони фунти вложувал на сметки во неколку швајцарски банки, пари за кои германските граѓани никогаш не дознале. Како што пишува Дејли мејл, историчарите го следеле трагот на парите преку даночни документи и банкарски записки. Проценуваат дека Хитлер на своето конто натрупал богатство од 1,1 милијарди тогашни марки, што одговараат на денешни 3,6 милијарди фунти. За време на неговиот живот, нацистичкиот лидер ги уверувал Германците дека заработува само малку пари и дека нема ниту банкарска сметка. На тој начин тој го избегнал и плаќањето даноци, а Хитлер успеал да затаи 1.750.000 фунти пред да стапи на сила на законот според кој тој бил ослободен од даночни давачки. Неговата книга “Мојата борба”, напишана во затвор, му носела заработувачка од еден милион тогашни марко годишно за подоцна со декрет да одлучи дека по една копија од книгате треба да добие секоја брачна двојка во Германија, а плаќањето на делото било на трошок на државата.
Историчарите тврдат дека диктаторот во тајност го напишал својот тестамент на денот на неговата смрт надевајќи се дека на тој начин ќе ги измами граѓаните на Германија дека нема ништо. Во тој тестамент Хитлер напишал на пет страници погрдни зборови за Евреите, а на три страници се претставил себе си како сиромашен.
-Се што поседувам и го оставам на партијата, напишал Хитлер и побарал неговите роднини да бидат осигурани од државата за да останат во средната класа.
Сведок и зивршител на тестаментот требало да биде неговиот личен секретар, Мартин Бороман, но тој бил убиен набрзо откако Хитлер се самоубил. Сојузничките војници го откриле тестаментот на Хитлер кохга еден од преживеаните нацисти се обидел да го изнесе од земјата сокриен во неговата јакна.
Меѓу оние кои го откриле тестаментот бил пензионираниот британски шпион Херман Ротман.
-Бевме шокирани. На германскиот народ сакаше да му прикаже дека не поседува ништо и дека целосно и е посветена на државата и благосостојбата на граѓаните, што излезе дека не е вистина. Хитлер многу ги сакал парите, изјави Ротман.
Нацистичкиот лидер ја заштитил и својата фотографија, така што со секое купување на поштенска марка со неговиот лик тој заработувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.