| четврток, 6 декември 2018 |

Акција: Елитни проститутки „пропеале“ во полициска станица, откриени имиња на српски политичари

Загрепската полиција разбила ланец на меѓународна проституција и уапсила четири лица, од кои еден е познатиот тренер по боречки вештини и кунг-фу мајстор, 62-годишниот Слободан Дубајиќ Даби.

prostitutka-foto-profimedia-1474483749-996669

Од ова апсење, како што пренесуваат српските медиуми, стравуваат многу луѓе бидејќи при претресите на становите и автомобилите на уапсените биле пронајдени лаптопи, мобилни телефони и тефтери со податоци за клиентите, цените и услугите..

А меѓу клиентите, како што пишува Јутарни лист, имало многу бизнисмени од Хрватска, но и од странство, политичари од Србија, па дури и кинески државјани кои купувале недвижнини низ Хрватска.

Заедно со Дубајиќ приведени биле 46-годишниот Д.Л, 30-годишниот Ј.Л и 40-годишната Марина Б., која има подебело досие полно со сексуални деликти. Вкупно на товар им се става 21. кривично дело за проституција во подолг период, при што заработиле големи суми на пари.

Како што пренесува Jutarnji неофицијално, услугите кои проститутките ги нуделе, а посебно три дами од Србија, биле само за побогатата клиентела. Запознаените со проблематиката велат дека проститутките биле „како бомби”.

-Секој дел од телото нема конкуренција. Едната е поубава од другата. За насловна страна”, вели еден соговорник на Јутарни.

Дубајиќ е инаку роден во Бјеловар, а живее во Загреб. Ова му е прв пат да биде уапсен поради проституција. Пред три месеци не се појавил на судење во Задар, каде му се суди за подведување на три девојки од Србија и БиХ во 2007 година.

Тој, според обвинението, во април таа година ги натерал девојките да дојдат во Хрватска, и таму со 40-годишната Ј.Л ги поттикнал да заработуваат со нудење на сексуални услуги. Откако прифатиле им договарал средби по пристаништата на Јадранот. На 16 метри долга јахта, која пловела под италијанско знаме, најпрво бил уапсен Леције Матешиќ, кој посредувал помеѓу Дубајиќ и Италијанците кои барале забава, а кои за дружење издвоиле дури 4.000 евра.

Една од уапсените ескорт девојки, А.М од БиХ, студирала во Загреб, зборува перфектно 4 јазици, а со заработката од проституцијата ги финансирала студиите.

Откриен поради илегално преминување на границата, Дубајиќ минал два месеци во задарски притвор. Сепак, тоа не го исплашило, бидејќи не престанал да се занимава со подведување. Две години подоцна, поради истиот престап уапсен бил во Загреб во акцијата “Динамико”, заедно со тогашниот рецепционер од загрепскиот хотел “Westin”, кој преку Дубајиќ “нарачувал” проститутки и ги праќал во собите на гостите кои барале забава.

Акцијата зафатила и седум проститутки, од кои две биле Босанки, една Србинка, а четири локални девојки.

Полицајците пресметале дека за две години, од елитниот секс туризам, Дубајиќ заработил најмалку 1,8 милиони куни, а рецепционерот за секоја нарачка на девојка ставал по 50 евра во џеб. Девојките со Дубајиќ делеле пола-пола. Нивни клиенти биле важни луѓе, бизнисмени, актери, па и обични мажи со лош брачен живот.

Тие за еден час плаќале 100 евра, додека цела ноќ со убавите девојки чинела 600 евра. Дубајиќ ги развозувал до местата каде што требало да “работат”, а во “Westin” ги преземал Иван кој ги праќал до клиентите во собите. Акцијата Динамико предизвикала паника во Србија, а меѓу загрозените се политичари, актери, спортисти, луѓе од естрадата…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top