Хрватската полиција во Загреб приведени четири лица во акција за разбивање синџир за проституција. Меѓу приведените е и 62-годишниот Слободан Дубајиќ – Даби, познат како еден од водечките балкански макроа. Приведените се обвинети за 21 кривично дело сторени во подолг период, при што се здобиле со голема сума пари.
Како што јави „Танјуг“, при полициската операција е извршен претрес на повеќе домови и други простории.
Истрагата утврди дека три жени од Србија давале сексуални услуги на поимотни клиенти, домашни и странски бизнисмени, како и на кинески државјани кои во Хрватска купувале недвижен имот.
Против Даби веќе се води една постапка за елитна проституција. Неговите девојки, најчесто од Србија и од Црна Гора, ги продава и по цени од неколку илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.