| четврток, 6 декември 2018 |

Баба Олга од „Иде Дунав“ денес е бизнисменка

„Немаше спас, опасно беше. На своју, како да кажу вољу да искочимо, искочисмо надвор, кад погледнамо иде Дунав. Значи на своју вољу, ризик јак, мила душа и да погинеш колко можеш ќе се спасиш.“

Оваа легендарна изјава од 2005 година по поплавите во Кумановско ја знае цела Македонија. Но, ретко кој ја знае Олга Денковска, жената која пред камера најсликовото ги опиша страшните поплави .

Баба Олга живее во Старо Нагоричане. Низ смеа вели дека е многу лута поради тоа што многу луѓе заработиле од нејзината изјава, а таа не добила ништо.

– Заработија на мене, го продава видеото, на интернет, по телевизии, а мене ништо не ми дадоа. И што, што ако сум популарна.

Во нејзиниот крај и во малото Бели Грамади каде што живее е вистинска ѕвезда. Таа има кафеана кај бањата Стрновац. Па затоа со право себеси се нарекува бизнисменка.

– Вака да напишете: бизнисменката Олга од видеото „Иде Дунав“ живее на село, молзе крави, чува внуци, прави зимница, има кафеана – вели низ смеа за „Телеграф“.

Целиот текст можте да го прочитате на Телеграф.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top