| четврток, 6 декември 2018 |

Руска убавица во Дубаи ја продала невиноста за 12.000 евра

Руската мисица Ана Фешенко заминала за Дубаи да ја продаде својата невиност за 12.000 евра, тврди нејзината мајка која ја повикала јавно да се врати дома. Ана била прва придружничка на изборот за Мис Москва во јули, а неодамна заминала во Обединетите Арапски Емирати велејќи им на родителите дека добила наградно патување.

Меѓутоа, нејзината пријателка на родителите им ја открила суровата вистина, односно дека не станува збор за никакво наградно патување туку дека Ана отпатувала со ескорт агенција која нејзината невиност ќе ја понуди на богати арапски клиенти.

Седумнаесет годишната девојка заминала со две години постарата другарка Екатерина која се вратила во Русија откако дознала за што всушност станува збор.

ana-fresenko-640x635-Сакав да отпатувам бидејќи Ана ме повика и ми кажа дека тоа е награда од натпреварување за Мис Москва. По два дена се случи скандал, а јас дознав зошто навистина сме во Дубаи. И кажав на Ана дека не планирам да останам и сакам да се вратам дома, а таа ме замоли да си одам и да ја оставам на мира. Мене таква работа не ми треба- изјавила Екатерина.

Нејзините родители, кои заминал за Дубаи да ја вратат ќерката, ги контактирале родителите на Ана кои побарале помош од руската полиција.

-Во ОАЕ невиноста се смета за привилегија, а мислам дека Ана беше импресионирана од износот кој би можела да го добие- додала Екатерина.

Таа тврди дека нејзината другарка повеќе не живее во хотелот во кој биле сместени кога пристигнале во Дубаи, туку дека е преселена во стан со други девојки од источна Европа кои дошле да работат како ескорт дами.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top