По 37 години, цигарите „Ронхил“ заминуваат во историја, изјави на денешната прес-конференција Џон Брејди, член на Управата на „Бритиш Американ Тобако Адрија“.
Тој најави дека кон почетокот на октомври, брендот „Ронхил“ ќе биде преименуван во „Данхил“, јавува хрватски „Т-портал“.
– Со влегувањето на „Ронхил“ во семејството „Данхил“, обезбедуваме нова иднина за потрошувачите на овој бренд. После осум години постојана работа, „Ронхил“ изгуби повеќе од половината од својот почетен удел во пазарот, поради што е јасно дека потрошувачите бараат промени, истакна Брејди.
Бритиш американ Тобако ја купи ТДР минатото лето за 505 милиони евра, при што се обврза дека ќе го задржи производството најмалку пет години. Но очигледно, во договорот немало дека мора да ги задржи и брендовите на ТДР.
Судбината на „Ронхил“, претходно ја доживеа „Јорк“, кој стана „Пал Мал“, а се очекува „Волтер Волф“ да стане „Лаки Страјк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.