| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува новата сезона, Суперкупот е вистинска увертира за тоа

mzt 1

Суперкупот повторно ќе биде увертира за тимовите за почетокот на новата сезона, но не за домашното првенство како вообичаено. Четирите тима МЗТ Скопје, Куманово, Карпош Соколи и Фени Индустри се натпреваруваат на минимум една меѓународна сцена, а овој турнир ќе им служи како последна проверка на силите.

МЗТ Скопје беше еден од тимовите кои најрано ја започна фазата на подготовки, а и имаше неколку пријателски натпреври. Суперкупот дефинитивно ќе им биде последен тест пред натреварите од силната АБА лига ккао и од Еврокупот.

– Се надеваме дека ќе победиме, но и дека ќе се подготвиме за меѓународните натпреварувања. Мора да покажеме дека добро играме – вели капитенот на „металците“, Џеремаја Мејси.

Фени Индустри оваа година повторно се врати на балканското натпреварување, а поради доцниот старт на подготовките „кавадарчани“ и не се надеваат на триумф. Кире Николовски кој поради репрезентативни обврски подоцна се вклучи во тимот смета дека неговиот клуб има шанса да го изненади шампионот кој ја брани титулата и во Суперкупот.

– Ова е Суперкуп и можно е да има изненадувања. Наша цел е да се подготвиме за домашното првенство и балканската лига. МЗТ е подобар тим и имаат поголем ростер, но ние ќе се бориме и се надевам ќе имаме успех – истакна капитенот на трикратниот шампион во домашното првенство, Кире Николовски.

Во втората полуфинална двојка ќе се пресметаат Куманово и клубот кому вицешампионот му ги скрати шансите за борба за титулата.

– Ние сме сè уште во подготвителна фаза, па Суперкупот ќе ни биде увертира за балканската и регионалната лига. Се надеваме дека ќе се покажеме во добро светло. Прво играме со Куманово, минатата сезона нè победија во полуфиналето и се надеваме дека ќе им вратиме за тој пораз – вели капитенот на Карпош Соколи, Игор Пенов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top