| четврток, 6 декември 2018 |

Останува неизвесен стартот на новата сезона во АБА-лигата

aba-liga

Новото издание на АБА – лигата е на самиот праг, треба да стартува на 29.септември, а во неа за првпат ќе учествуваат два македонски клуба, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи. Но, состанокот што се одржа во Загреб покажа дека АБА се соочува со големи проблеми. На оваа средба беа поканети челниците на националните федерации на Србија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и на Македонија, но ниту еден од нив не се појави.

Од националните федерации, а по налог на ФИБА, најавија дека ќе бидат суспендирани судиите кои ќе ја делат правдата во ова натпреварување. Со оглед дека АБА – лигата не е под закрилата на ФИБА, можно е ова да донесе огромни проблеми пред самиот старт на сезоната. Засега нема официјална информација од раководството на АБА, но многу е јасно дека проблемите постојат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top