| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски ја прашува Јанева: Каде се потрошени над 60 милиони денари?

ilija-dimovski

Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во реплика ѝ постави низа прашања на Катица Јанева, но таа не одговори на ниту едно.

Илија Димовски ја праша Јанева каде се потрошени над 60 милиони денари за што недостасуваат информации во финансискиот извештај што таа го има ставено во шестмесечниот извештај на СЈО, како се одвива процесот на ангажирање на истражувачи, советници и експерти во СЈО, дали има јавни огласи или дали тоа го прави врз основа на лично наоѓање, образложувајќи дека поголем дел од ангажираните лица во ова Обвинителство се побрзуваат со опозициската СДСМ.

Според него, во Извештајот недостасуваат описи на сите поединечни постапки кои ги води СЈО, па затоа ја праша специјалната обвинителка дали мисли дека дозволила во јавноста да се добие впечаток дека работи пристрасно за една политичка партија, односно за СДСМ.

Засега Јанева не одговорила ни на прашањето дали СЈО има отворено случаи против лидерот на СДСМ Зоран Заев во врска со превозот на ученици како што отвори за битолскиот градоначалник Владимир Талевски, имајќи предвид дека општината Струмица плаќала трипати повеќе средства од Битола за оваа намена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top