Секој кој бил удрен со топка во глава при некој спорт знае колку е тоа болно, но за еден дански навивач, тоа било најсреќниот момент во неговиот живот. Големиот фан на данскиот прволигаш Бромби, Давид Нилсен пред повеќе од еден месец, пред почетокот на мечот на неговиот омилен клуб против Копенхаген, додека играчите се загрвале, по еден непрецизен шут на напаѓачот Вилчек, топката силно го погодила во глава.
Давид потоа се онесвестил, по што бил пренесен од возилото на итната помош во болница.
Таму му ја снимиле главата, а по прегледот било утврдено дека има тумор на мозокот, кој за среќа бил во почетен стадиум. Тој веднаш започнал со терапија, а по третманите и операцијата на Фејсбук го објавил овој статус:
Поздрав на сите, јас сум навивачот кој при загревањето на мечот Бромби – Копенхаген беше погоден со топка во глава. Сакам да им се заблагодарам на докторите, навивачите и редарите кои беа во близина при несреќниот момент, а вашата брза реакција ми со спаси животот. Не можам да ви опишам колку сум благодарен. Излезе дека имам тумор на мозокот, кој сигурно немаше да биде откриен ако не ме погодеше топката на Вилчек во глава, па нормално и нему сум му благодарен. Во моментов се опоравувам од операцијата. Уште еднаш, ви благодарам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.