Во јули годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 22.334 денари и е за 2,2 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, а 1,6 отсто од вработените воопшто не примиле плата. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето плата по вработен во секторите Градежништво за 9 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,7 и Информации и комуникации за 6,2 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли од 3,6 отсто, Преработувачка индустрија 3,4 и Административни и помошни услужни дејности 1,8 отсто. Просечната, пак, месечна исплатена бруто плата по вработен, во јули годинава е повисока за 2,2 отсто во споредба со јули 2015 година.
Зголемувањето е резултат на повисоката просечна месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите Градежништво за 9,1 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,4 и Земјоделство, шумарство и рибарство 6,2 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,4 отсто, Преработувачка индустрија 3,3 и Административни и помошни услужни дејности 2 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.