Иако крстарењата на крузерите делуваат како патувања од соништата, не е сè мед и млеко, тврди крупието познат само како Блејк, кој во шест години работел на два крузери – еден луксузен и еден поевтин.
Неговата приказна за ниските плати, ужасните соби и лошото однесување ја шокирала јавноста. Рекол дека една од најшокантните работи кои ги открил е дека повеќето вработени имаат сексуални односи и дека никој на никого не му е лојален, пишува Daily mail.
-Се сеќавам на еден пар за кој сите мислеа дека ќе се венчаат, но на мажот му истече договорот еден месец пред нејзиниот па се врати во Уругвај каде сакаше да ја почека. И пред да слета, таа веќе беше со друг- се потсетил тој.
Блејк вели дека во првиот договор кој го потпишал имал плата од 950 долари и секој бакшиш кој го добивал му го одземале. Односно, доколку соберел 950 долари бакшиш, не добивал редовна плата. Меѓутоа, вели дека не бил во најлоша положба. Некои членови на послугата заработувале само 200 долари месечно.
Открил дека му било тешко да се носи со лошите услови за спиење на крузерот. Соба од четири и пол метри квадратни делел со друг маж, а тоа било речиси двојно помал простор од вообичаена гостинска соба. За да добие повеќе простор, научил да се спакува така што целиот живот ќе му влезе во една фиока.
Кога станува збор за гостите, Блејк открил дека најбогатите се најлоши. Се сеќава на еден американски магнат кој сакал да се коцка. Една вечер една жена случајно ја свртела неговата коцка откако ја фрлил, а тој изгубил неколку стотини долари.
-Ме турна и ми шепна да видам како ќе ја расплаче – вели Блејк, а богаташот тогаш почнал да и вика на жената, навредувајќи ја додека навистина не се расплакала.
Но, Блејк не е единствениот незадоволен од работата на крузер.
Брајан Дејвид Брнс, кој сега живее во Лас Вегас почнал да работи на крузер на 30 години и è првиот Американец во историјата кој на “Carnival Cruise Line” одработил комплетен договор без прекин. За тоа ја напишал книгата “Cruise Confidential”, пишува Daily Mail, а неговите искуства се слични како и тие на Блејк.
Рекол дека понекогаш било многу тешко да ја одржи професионалноста, посебно со гостите кои не престанувале да се жалат или со алкохоличарите.
-Имавме прекари за различни националности, но во главно се вртеа околу дебелите Западњаци, посебно Американците. Во ресторан за гостите често зборувавме како за “крави” и “волови” што и не е далеку од вистината бидејќи се огромни и јадат по цели денови. Кога станува збор за однесувањето на гостите, мислам дека најголем проблем е кога е некој пијан. Во книгата опишувам и со едно ужасно семејство кое мојата помошничка речиси ја доведе до нервен слом на сред вечера. Тоа за мене беше еден од најлошите моменти во животот- вели Брнс.
Открил дека многумина од вработените, како и тој, работеле по 100 часа неделно, 15 седмици.
-Работата не престанува и ние сме како робови. Во Америка, на пример, ги охрабруваме вработените, тие имаат свои права, свој глас. Членовите на екипажот немаат ништо од тоа – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.