| четврток, 6 декември 2018 |

Мерцедес превртен на покрив, страшна слика од сообраќајката кај гостиварско Ново село

Два автомобили марка „Мерцедес“ се судриле попладнево околу 16 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај гостиварско Ново село во близина на селските гробишта.

soob-mercedesi1

Од СВР Тетово информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале две возила „Мерцедес“, со скопски и охридски регистерски ознаки. По сообраќајката едниот „Мерцедес“ удрил во „Сеат Ибица“ со скопски таблички.

Со две возила на итна медицинска помош во гостиварската болница се пренесени двајцата возачи на автомобилите „Мерцедес“, но каракатерот и видот на повредите ќе бидат познати по завршувањето на лекарските прегледи.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top