| четврток, 6 декември 2018 |

Детската хирургија: Извршени 12 успешни операции на кила кај девојчиња со лапароскопски зафат

На тригодишно девојче со лапароскопски хируршки зафат и е оперирана кила на клиниката за Детска хирургија. Таа е најмладата пациентка која е оперирана со современ метод што овозможува брзо оздравување.

Доктор Тони Ристевски од детска хирургија во последните пет месеци заедно со тим од клиниката направиле успешни 11 вакви операции, пренесува „Канал5 телевизија“.

– Овој тип на операција се прави низ една дупка низ папокот и на тој начин се прави подобро гледање на целиот дел дали на двете страни има кила. Естетски е далеку подобро нема класичен рез и заздравувањето е многу брзо, пациентот може веднаш да оди дома – вели д-р Ристевски.

Тој методот на овој тип на операција ја учел во Израел. За него е важно што со операцијата им се помага во иднина да немаат никакви проблеми. Родителите чии девојчиња имаат ваков проблем преку системот „Мој термин“ може да закажат преглед на клиниката за детска хирургија, пренесе Канал 5.

-Оваа програма ја добив преку министерството за здравство и е непроценливо искуство. Еден месец бев во Израел, а преку вакви програми за овој тип на операции бев и три месеци во Италија – вели д-р Ристевски.

Најчеста причина за вродена кила кај девојчиња е пушењето цигари на мајките во бременост, потврдуваат докторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top