| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка вмешана во аферата со уценување познат фудбалер на Ливерпул

011

Македонката Марика Томљановиќ – Kипријановски (29), за која „Дневник“ пред неколку години пишуваше дека организирала синџир елитна проституција во Хрватска, сѐ повеќе се споменува и во аферата со уцена на познатиот хрватски фудбалер на Ливерпул, Дејан Ловрен, пишуваат хрватските медиуми.

Полицијата уште истражува дали постоел обид од Ловрен да се извлечат пари за да не се објават фотографии од прељубата на неговата сопруга со неговиот пријател од детството Дарио Торбиќ. Kипријановски засега се поврзува со Анита Дражиќ, која, наводно, била киднапирана од Торбиќ за да не ги информира Ловренови дека им подготвуваат уцена, а со која разменувала СМС во врска со случајот. Освен тоа, Kипријановски му била поранешна девојка на осомничениот Торбиќ и со него има дете.

022

Сопругата на Ловрен, Анита, наводно, на Дражиќ и дала 100.000 куни затоа што ја информирала за намерите на Торбиќ. Тој сакал со објавување фотографии од љубовната врска со Анита да ги принуди Ловренови да се разведат, а тој потоа да и ги земе парите на сопругата на фудбалерот, кои би ѝ припаднале по разводот. Kога разбрала за намерите на љубовникот, таа му се вратила на сопругот.

Аферата изби во Велика Британија, каде што Ловрен игра за фудбалскиот клуб Ливерпул кога таблоидите објавија фотографии на кои се гледаат Анита Ловрен и Торбиќ во постела. Весникот „Јутарњи лист“, пак, во петокот објави СМС што ги разменувале Дражиќ и Kипријановски, од кои е јасно дека станува збор за нечисти игри, а се спомнува полиција, објавување материјали, промени на искази…

Kипријановски е ќерка на познатиот хрватски макро Маријан Kипријановски, Македонец, кој со години живее на островот Kрк. Тој трипати е осудуван за подведување, а за што добил осум години затвор. Според поранешните обвиненија, Kипријановски организирал мрежа проституција на целата јадранска ривиера. Тој бил познат по тоа што насилнички се однесувал кон девојките, меѓу кои и малолетнички, на кои им ги одземал документите, а не им давал ниту пари. Поради таквото однесување, самите девојки го пријавувале во полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top