
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ со својот Фенербахче ќе има шанса да се бори за трофеј во Евролигата оваа сезона пред „домашна“ публика. Реномираната кошаркарска интернет-страница „Еурохупс“ пренесува дека годинашниот фајналфор во најелитното европско кошаркарско натпреварување ќе се игра во Истанбул.
Иако сè уште нема потврда, „Еурохупс“ вели дека 99 проценти работата е готова. Се очекува наскоро Евролигата да излезе и со свое соопштение на оваа тема.
Антиќ и Фенербахче се меѓу фаворитите за освојување на трофејот во Евролигата сезонава. Досега, македонскиот крилен центар има одиграно три финалиња и двапати со Олимпијакос му се има радувано на трофејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


