| четврток, 6 декември 2018 |

Николоска избрана за член на Комисијата за воедначување на казнената политика

Собранието на Република Македонија во рамки на 117-тата седница со 54 гласа „за“ и 19 „против“ ја избра Светлана Николоска за член на Комисијата за воедначување на казнената политика.

За опозицијата Николоска, која е дипломиран криминолог, е несоодветна да ја врши функцијата бидејќи тоа место може да го добие само дипломиран правник. За пратениците од власта таа е доволно стручна, а тоа го покажува и нејзината биографија.

Без расправа, со 56 гласа „за“, 3 „воздржани“ и 8 гласа „за“ од припадниците на немнозинските заедници Собранието го донесе и Законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител со кој се врши усогласување со Париските принципи.

Без расправа претениците ги донесоа и Извештајот за реализација на Годишната програма на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година и Одлуката за давање согласност на предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година.

Седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top