| четврток, 6 декември 2018 |

Земјите-членки на ОН изгласаа документ за поголеми права на бегачците и мигрантите

Светските лидери и министрите за надворешни работи на 193 земји-членки на Обединети нации денеска изгласаа документ, чија цел е похуман и кооридинаран одговор на бегалската криза.

Документот на 22 страница наречен е „Њујоршка декларација за бегалците и мигрантите“. Тој не е правно обврзувачки и нема конкретно преземени обврски, но ги повикува земјите да ги почитуваат човековите права, да ја зголемат хуманитарната помош и да ги забрзаат процесите за прераспредечна на бегалците.

Учесниците на денешниот форум се согласија во 2018 година да изгласаат два договори за управување со бегалските бранови и политика за бегалците.

Со денешната седница на ОН претседаваше генералниот секретар Бан Ки-мун. На утрешниот самит за бегалците домаќин ќе биде американскиот претседател Барак Обама, на кој ќе се бараат конкретни ангажмани од државните лидери за финансирање и прераспределба на 65,3 милиони мигранти и бегалци во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top