| четврток, 6 декември 2018 |

Со комбе влетал во противпожарно возило

Вчера околу 15.20 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу тешко моторно возило „Форд Транзит“ управувано од Ф.М. (60) од Дебар и противпожарно тешко моторно возило „Даф“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.З. (58) од с.Форино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.М.(59) од Дебар, сопатничка во тешкото моторно возило „Форд Транзит“, која со возило на Итна медецинска помош била пренесена во болницата во Гостивар, каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во клиничкиот центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top