| четврток, 6 декември 2018 |

„Игри на тронови“ соборува рекорди на доделување на наградите „Еми“

Серијата „Игра на тронови“ е избрана за најдобра серија на доделувањето на наградите „Еми“. Серијата досега има вкупно 38 награди „Еми“ и влезе во историјата како најнаградувана. Беше номинирана во 23 категории, а освои награди во 12.

Со ова „Игра на тронови“ го собори рекордот на серијата „Фрејзер“.

Во категоријата комедии победи „Виип“, а особено се истакна и серијата „Народот против О.Џ. Симсон“, од која актерите Сара Полсон и Кортни.Б. Венс , исто така, ги собраа наградите. Рами Малик освоил награда за најдобар драмски актер за улогата на Елиот Алдерсон, од серијата „Мистер Робот“, додека Татијана Меслени, наградата за најдобра актерка ја доби за улогата во серијата „Опра Блек“.  Џефри Тамбор и Џулија Луис-Драјфус се прогласени за најдобри актери во жанрот комедија.

„Еми“ се американски награди за телевизиска продукција, а оваа година се одржаа во Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top