Најдобриот руски хокејар и ѕвезда во НХЛ лигата Александар Овечкин, потврди дека независно од одлуката на Националната хокејарска лига, ќе игра за својата репрезентација на следните Зимски Олимписки игри.
– Ќе играм на Олимпијадата за мојата земја. Ако некој од клубот ми каже дека не може, тогаш ќе му кажам збогум. Не знам дали мојата одлука може да промени нешто, но јас ќе играм во Кореја – додаде тој.
Овечкин игра за Вашингтон во НХЛ лигата од 2005 година и зад своето име има 566 голови и 482 асистенции во 923 средби во регуларната сезона и во плеј-офот. Руското крило шест пати ја освои наградата „Морис Ришар“ за најдобар стрелец во лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Секси движења кои се забранети и во Северна и во Јужна Кореја (ВИДЕО)
-
Олимпијадите во 2024 и 2028 ќе се одржат во Париз и Лос Анџелес
-
Шведска посреќна во пенал-рултет, голманот Луквист е херојот за нова светска титула во хокеј (видео)