| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов и Попоски на 71. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска – до 23 септември 2016 година, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на 71. сесија  на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Претседателот Иванов, како што соопштуваат од неговиот кабинет, ќе има обраќање на генералната дебата на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема „Одржливи развојни цели: универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“. Воедно, македонскиот претседател ќе се обрати на пленарната сесија на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации посветена на големите движења на бегалци и мигранти.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, како и повеќе други билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

За време на работната посета на Њујорк, претседателот Иванов ќе оствари средба со високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизациите Насир Абдулазиз Ал-Насер и ќе биде потпишан Меморандум  за соработка меѓу ФОЦ – Фондацијата Алијанса на цивилизации од Скопје и UNAOC – Алијанса на цивилизациите на Обединетите Нации.

Во рамки на работната посета на САД, македонскиот претседател ќе оствари средба и со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси.

Претседателот Иванов за време на посетата на Њујорк ќе биде придружуван од својата сопруга Маја Иванова, која во рамки на дамската програма ќе учествува на повеќе настани, меѓу кои на 9. Годишна конференција со фокус на аутизмот, во организација на фондацијата „Аутизмот зборува“. Иванова на покана на сопругата на претседателот на САД, ќе присуствува на приемот кој го приредува Мишел Обама, како и на приемот во организација на сопругата на Генералниот секретар на ОН Бан Сон-Таек.

Во официјалната делегација предводена од претседателот Иванов е и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top