Македонската одбојкарска репрезентација е поразена и во третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2017. „Црвено-жолтите“ денес загубија од Естонија и со три порази го завршуваат турнирот во Романија.
Македонија го доби првиот сет со 28-26, потоа следуваа два сета за Естонците 22-25 и 23-25, а македонските одбојкари изедначија на 2-2 по 27-25 во четвртиот сет. Во решавачкиот петти беше 15-11 за противникот.
По овој резултат Македонија остана на последното место во Ф-групата и без шанси за пласман на ЕП ќе патува на вториот квалификациски турнир во Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.