| четврток, 6 декември 2018 |

Уставен суд на БиХ: Денот на Републиката е неуставен

Уставниот суд на БиХ денеска го одби барањето за преиспитување на одлуката за неуставност на 9 јануари како Ден на Републиката во Република Српска со што конечно е потврдено дека истиот се смета за неуставен.

Уставниот суд на БиХ треба да ја разгледа и информацијата за спроведување на одлуката околу 9 јануари од ноември минатата година, а деветмината судии ќе одлучат и за барањето да се забрани одржување референдум во РС, закажан за 25 септември.

Претседателот на РС Милорад Додик претходно денеска изјави дека крајниот резултат не го интересира и оти референдумот за Денот на Републиката ќе биде одржан без разлика на одлуката на Уставниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top