| четврток, 6 декември 2018 |

Децата со цистична фиброза ќе добијат посебен додаток

Посебниот додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот, менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години изнесува 2.366 денари. Посебниот додаток за материјално необезбедените родители на деца со пречки во развојот изнесува околу 5.500 денари, право кое во јуни 2015-та беше зголемено за 25 отсто.

Од пред една седмица децата болни од цистична фиброза може да аплицираат до Министерството за труд и социјална политика за посебен додаток. Ова го најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Стајковци и потенцира дека првпат се воведува овој додаток кој го примаат родителите на децата со цистична фиброза.

– Имаше барања и иницијативи од  граѓани во честите мои одења на терен. Разговарав со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој позитивно реагираше и го промени правилникот со кој ја додаде оваа дијагноза во групата кои примаат посебен додаток. Така што од пред една недела е овозможено родителите на тие деца да можат да аплицираат за посбен додаток кој е градиран. Одредена сума е за оние кои се материјално обезбедена, за 30  проценти е поголем додатокот за оние кои не се материјално обезбедени и уште поголема за 15 до 20 отсто е поголем за самохраните родители – изјави Груевски.

Посебниот додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот, менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години изнесува 2.366 денари. Посебниот додаток за материјално необезбедените родители на деца со пречки во развојот изнесува околу 5.500 денари, право кое во јуни 2015-та беше зголемено за 25 отсто.

Владата за 50 проценти го зголеми износот на посебен додаток за самохрани родители на дете со пречки во развојот кој сега изнесува 6.300 денари.

Според Груевски, со сево ова  ќе им се помогне на тие семејства, меѓу кои многу се посиромашни и немаат можност да ги покријат додатните трошоци заради состојбата на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top